Заврши уште една извонредна гроздоберска сезона во Винарска визба Лазар. Оваа година природата нè награди со грозје со исклучителен квалитет, богат вкус и современа ароматика.
Благодарение на посветеноста на целиот тим, планираниот обем за преработка на грозјето го реализиравме во целост. Од лозјата до визбата, секој чекор беше изведен со највисоки стандарди, ветувајќи берба што долго ќе се памети.
Ви благодариме за довербата — новите врвни вина веќе зреат!